Над два милиони долари инкасирани од извоз на сирење

54

Македонија е 81-ва земја во светот по извоз на сирење, чија вредност во 2020 година достигна 2.018.000 долари или 11,9% повеќе во однос на 2019 година.

На светско ниво, извозот на сирење минатата година беше 32,8 милијарди долари, покажуваат податоците на World’s top exports.

Германија е лидер со 14,6% удел во глобалниот извоз на сирење, што на земјата ѝ донесе 4,8 милијарди долари. Првите пет најголеми извозници на сирење во светот лани беа и: Холандија (4,2 милијарди долари), Италија (3,6 милијарди долари), Франција (3,5 милијарди долари) и САД (1,61 милијарда долари).

Од регионот, Грција е најголем извозник на сирење со 602,7 милиони долари. Следат: Бугарија (102,8 милиони долари), Србија (51,4 милиони долари), Словенија (36,3 милиони долари), Хрватска (33,8 милиони долари) и Босна и Херцеговина (4,6 милиони долари).

Фото: Pexels