Над пола милијарда долари инвестиции во pet tech индустријата во САД

40

Иако врската меѓу луѓето и животните постои илјадници години наназад, сепак начинот на којшто сопствениците денес се однесуваат кон своите миленици се промени во голема мера, пишува The next web.

Трендот на развивање апликации наменети за сопственици на домашни миленици се движи по нагорна линија, па така во pet tech технологијата што подразбира развој на софтвер и хардвер за домашни миленици се инвестирани над пола милијарда долари.

Меѓу поважните играчи на тој пазар е апликацијата за шетање кучиња Wag!, којашто доби инвестиција од стотина милиони долари. Тука е и CleverPet Hub, којшто има “конзола“ за домашни миленици што се контролира преку паметен телефон и нуди едноставни игри за тренирање домашни миленици кога нивните сопственици не се дома. Rover е американски старт – ап што разви апликација што ги поврзува чуварите на кучиња со домашните миленици во нивна близина.

Проценките покажуваат дека минатата година Американците за своите домашни миленици потрошиле 72 милијарди долари. Поголемиот дел од нив се подготвени на месечно ниво да издвојат од 80 до 142 долари, што е околу 1.300 долари на годишно ниво.

Фото: Pixabay