Над пола милијарда евра добивка за три месеци оствари Philips

80

Холандската компанија, Philips во второто тримесечје од оваа година прикажа добивка од 532 милиони евра, што ги надмина очекувањата на аналитичарите, а причина за раст е побарувачката за болничка опрема поради пандемијата.

Аналитичарите за периодот од април до јуни оваа година очекуваа добивка од 519 милиони евра, во однос на 390 милиони евра во истиот период лани.

Philips продава широка палета на производи, од четкички за заби до апарати за ултразвук и скенери и се главен конкурент на General Electric и Siemens Healthineers.

Фото: Pexels