Група еко – свесни ентузијасти по поминати илјадници километри во природа и дивина решија да создадат здрава замена за пластичните шишиња со вода, пишува Kickfurther. Така беше креирано Nada Bottle -еколошко шише за вода направено од неабразивен војнички најлон и врвки од цврста ткаенина што се користи кај падобраните.
Најлонот, истовремено, служи како бариера што ја штити внатрешноста на шишето од надворешните влијанија како што се различните видови на хемикалии и УВ зраците. Токму тоа го прави шишето Nada одлично за употреба на отворено, но и за секојдневни активности.
Со секое купено шише, една личност од загрозените подрачја во Африка добива систем за филтрација што ја прочистува водата за пиење.