Хуманоидниот робот Надин во иднина би можел да им биде од голема корист на повозрасните луѓе, особено на лицата со деменција, пишува Reuters.
Зад овој робот стои Надја Талман, вонреден професор и директор на Институтот за технологија и иновации на Сингапур (Singapore’s Nanyang technological University Institute of media innovation), којашто помина три децении работејќи на овој робот.
Софтверот му помага на роботот да покаже повеќе видови на емоции и да се навраќа на претходно направени разговори. Роботот Надин не е достапен за комерцијална продажба, но Талман се надева дека роботите еден ден во голема мера ќе има помагаат на луѓето со деменција.
Според нејзе, многу е важно овие луѓе да не остануваат сами, да имаат некого со кого би биле во постојана интеракција. Од таа причина, роботот Надин би бил идеално друштво бидејќи може да разговара, да раскажува приказни или да игра едноставни игри.
Надин е висока 1,7 метри, има кафена коса, мека кожа и пријатен изглед на лицето.