Надминат техничкиот проблем – системите на УЈП се достапни

53

Управата за јавни приходи известува дека денес 12.07.2024 година, поради  опожарување на оптички кабли кај повеќе телекомуникациски оператори, меѓу кои и операторот кој обезбедува услуга за интернет симетричен пристап на УЈП,  системите за електронски услуги не беа достапни во периодот од  07:40   до 11.30 часот.

Овој технички проблем е надминат и системите на УЈП се достапни за реализација на Вашите права и обврски кои ги остварувате преку истите, стои во соопштението од УЈП.