Надминување на повлеченоста

35

devojka

Фото: Pexels

Голем број луѓе околу нас се повлечени во себе, а толку би сакале да бидат што е можно повеќе експонирани. Тие сакаат да се дружат со многу повеќе луѓе, да создаваат нови пријателства и да се забавуваат, но едноставно нешто од внатре не им дава да се опуштат. Не е срам, не е незгодно, не е не знам што, едноставно, таков им е карактерот.

Сакаат да бидат како другите, да се забавуваат, да се дружат, но едноставно не оди. Еве ви неколку совети како да го надминете тоа и да се забавувате на забавите:

  • Пробајте да најдете некоја личност со која ви е убаво – може тоа да биде која било личност, па дури и член на семејство. Немојте да настојувате да биде некоја поголема група (ова важи за тие што се ептен повлечени), туку нека биде една, до максимум две личности. Со нив работете на вашите друштвени карактеристики, но и комуникациски.
  • Комуникациски вештини – работете на нивното подобрување со таа група луѓе. Разговарајте за теми за кои имате знаење, но бидете подготвени на нови сознанија. Дополнително на тоа, бидете подготвени на примање на знаења за нови теми.
  • Опуштени – гледајте да бидете опуштени во друштво. Пробајте да се инволвирате во разговорите што се водат преку поставување на прашања, покажување на заинтересираност за темата што се води и дополнително на тоа, активно да учествувате во дискусиите.
  • Пријателства – гледајте да создавате нови пријателства. Со претходните совети, несомнено е да почнете да се спојувате со повеќе луѓе, но мора да бидете подготвени за нови погледи на некои работи, како и на нови начини на размислувања. Бидете отворени за нови пријателства, со тоа ќе сознаете и нови работи.
  • Инволвираност на пријателите во секојдневниот живот – бидете отворени за инволвираност на вашите пријатели (нови и стари) во вашиот секојдневен живот. Консултирајте се со нив за вашите дневни проблеми и радости. Дополнително на ова, инволвирајте го вашиот секојдневен живот преку нивна инволвираност за вашите хобија, нивните хобија, за работа и дел од приватниот живот. Сепак, за новите пријатели, одберете општи теми и начини на нивна инволвираност.
  • Вие во група – учествувајте почесто во групни собирања, како што се едукативни настани, конференции, обуки итн. Јас би ве охрабрил дури и на овие настани да бидете малку поактивни, па и да поставувате прашања. Тешко е, но само првиот пат.
  • Дел од група – гледајте да бидете дел од група. Немојте да бидете сами, доколку тоа не е потребно или ако налага ситуацијата. Пробајте да се дружите што повеќе со луѓето. Немојте да тргнувате од генералната помисла дека луѓето се лоши и дека ви мислат лошо. Никој не ви мисли лошо!
  • Бидете позитивни – само така можете да си направите добро за вас. Така, ем позитивно ќе гледате на работите, но и луѓето околу вас ќе ве гледаат позитивно. Сите сакаат да се дружат со позитивни луѓе.

Со успех во промените.