Надворешната трговија на Кина во првите девет месеци од 2026 година се зголеми за 18,8 проценти на годишно ниво

Надворешната трговија со стоки на Кина се зголеми за 18,8 проценти на годишно ниво, на 39,94 трилиони јуани, или околу 5,34 трилиони евра, во првите девет месеци од 2026 година, што е најбрзиот раст за тој период за речиси пет години, според податоците објавени денес од Генералната царинска управа на Кина.

Вредноста на кинескиот увоз и извоз само за септември за прв пат надмина пет трилиони јуани, достигнувајќи 5,16 трилиони јуани, или околу 690 милијарди евра, што е за 27,5 проценти повеќе во однос на истиот месец минатата година, објавува „Глобал тајмс“.

Од јануари до септември, кинескиот извоз се зголеми за 16,4 проценти, на 23,2 трилиони јуани, или околу 3,10 милијарди евра, додека увозот се зголеми за 22,3 проценти, на 16,74 трилиони јуани, или 2,24 милијарди евра.