Надзорна камера со домет од околу еден километар

104

Компанијата Fujifilm развива надзорна камера што ќе пружи безбедност на гранични премини и големи комерцијални објекти.

Станува збор за камерата SX800, чиј домет достигнува скоро еден километар. Камерата ги има сите неопходни карактеристики за да може да прави квалитетни снимки на голема оддалеченост, пишува The Verge.

Со помош на оваа камера може да се подобри квалитетот на видео надзорот на гранични премини, големи отворени подрачја, јавни објекти како што се аеродроми или автопати. Со помалку камери ќе може да се покрие поголема површина, а ќе се обезбеди поголема сигурност.

Фото: Pixabay