Нафтата бележи пад на светските берзи

124

Пазарот на нафта од утрово е во пад. Цената на барел нафта на лондонскиот пазар е 116 долари, за разлика од вчера кога цената беше 123 долари за барел. Цената на нафтата на американскиот пазар изнесува 115 долари, што исто така е намалување во однос на вчера. Цената на нафтата во текот на претходните денови се искачи на највисоките нивоа во последните 2 месеци.

Пазарот на криптовалути бележи благ пад од утрово. Вредноста на биткоинот е 31.579 долари, што е благо намалување во однос на вчера. Другите криптовалути се исто така во црвено.

Цена на пченица и пченка

Цените на житата од утрово се во минус. Цената на пченицата е 1.087 долари за тон, што е намалување за речиси 5 отсто во однос на вчерашниот ден. Цената на пченката е 753 долари, што исто така е намалување за околу 3% во однос на вчера.