Нафтата благо падна

39

Цената на нафтата Brent утринава изнесува 120 долари и е нешто поевтина од претходните денови. Американската WTI се тргува по цена од 118 долари. Пред три недели барелот поевтини и до 14 долари, а најавите на меѓународните финансиски институции сега одат во насока дека треба да се очекуваат уште повисоки цени.

Американската инвестициска банка Голдман Сакс смета дека и онака високите цени на нафтата и бензинот треба уште повеќе да се зголемат ова лето за да се поттикне новото производство на „црното злато“ и да се обесхрабри потрошувачката.

Банката сега предвидува дека цената на суровата нафта од типот Брент ќе биде во просек 140 долари за барел меѓу јули и септември, во споредба со претходната прогноза од 125 долари за барел.