Нафтата и гасот во пад, еврото на исто ниво во однос на доларот

34

Според податоците на берзата, цената на суровата нафта утрово изнесуваше 71.255 долари, додека цената на нафтата од типот брент беше на ниво од 75.108 долари.
На отворањето на берзата ТТФ европските фјучерси на гас се продаваа по 30.176 мегаватчас, а потоа нивната вредност падна под 30 евра за мегават час.

Златото беше 1.976,77 долари за унца, а пченицата се продаваше за околу 60 долари за бушел (бушел е еднаков на 27.216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,08068, што е приближно исто ниво како во петокот.

Вредноста на главните американски индекси пред отворањето на берзите во САД беше Dow Jones 33.426,63, Stoxx 4.191,98, S&P 500 4.191,98, Nasdaq 12.657,90.

Индексот DAX на берзата во Франкфурт во 10:00 часот беше 16.242,45, лондонски FTSE 100 7.774,99, а московски MOEX 2.643,37.