Нафтата на најниско ниво од февруари: Американската нафта WTI се тргува под 70 долари за барел

Цените на нафтата на светските пазари денес паднаа, достигнувајќи ги најниските нивоа од крајот на февруари, па така меѓународната референтна нафта од типот Брент  се тргува за 72,56 долари за барел, а американската нафта од типот WTI се тргува за 69,48 долари.

Зголемувањето на сообраќајот на танкери низ Ормутскиот теснец, како и напредокот во преговорите меѓу Соединетите Американски Држави и Иран, влијаеја на поевтинувањето на енергетските производи, објави „Трејдинг економикс“.

Ова ги ублажи стравувањата на пазарите за можни прекини во глобалното снабдување со енергија.