
Утрово цената на нафтата Брент се тргува по цена од 110,2 долари за барел, додека американската ВТИ бележи намалување и се тргва за 111,5 долари за барел.
Цените на нафтата пораснаа во неделата откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ги нападне енергетските капацитети на Иран ако Ормутскиот теснец не се отвори за сообраќај.
Брент, глобалниот репер за нафта, порасна за 1,4 проценти на 110,60 долари, додека американската сурова нафта скокна за 1,8 проценти на 113,60 долари.
„Вторник ќе биде Ден на електраните и Ден на мостот во Иран – сè во едно. Тоа ќе биде нешто што не е видено досега!!! “, напиша Трамп во недела наутро на платформата Truth Social.
Неколку часа подоцна, како да поставува нов рок, тој повторно објави на социјалните мрежи: „Вторник, 20:00 часот источно време!“
Висок ирански функционер одговори во неделата велејќи дека теснецот нема да биде отворен сè додека земјата не биде „целосно обесштетена“.
Трамп издаде сличен дводневен ултиматум до Иран на 21 март, но потоа го продолжи рокот до 6 април.











