Нафтата најевтина од септември

66

Цените на нафтата паднаа во четвртокот под влијание на низа пазарни фактори, предводени од слабата ликвидност и смирувањето на тензиите меѓу Русија и Западот, бидејќи стана јасно дека проектилот што падна врз Полска во вторникот вечерта не бил истрелан од Русија.

Цените на американската сурова нафта WTI паднаа за околу пет отсто на 81,76 долари за барел, што е најниско во повеќе од месец и половина. Цените на нафтата брент паднаа за околу три отсто на 90,07 долари за барел, што е пад од 2,79 долари за еден ден, покажуваат податоците на специјализираниот портал OilPrice.

Утрово нафтата брент се тргува по цена од 89,87 долари за барел, додека WTI za 81,94 долари за барел.

Краткорочните прогнози за цената на нафтата оваа година беа главно оптимистички, а повеќето прогнозери очекуваат нејзините референтни вредности да достигнат 100 долари за барел во текот на следната година.

Голдман Сакс предвидува дека цената на барелот може да порасне до 125 долари доколку Кина ги укине пандемиските ограничувања.