Нафтата падна под 60 долари за барел

Цените на нафтата паднаа на најниско ниво во повеќе од четири години во средата поради загриженоста за побарувачката, поттикната од ескалацијата на трговската војна меѓу САД и Кина, двете најголеми светски економии, и очекувањата за зголемена понуда.

Фјучерсите на сировата нафта од типот Брент паднаа за 2,38 долари или 3,79 отсто, на 60,44 долари за барел, додека оние на суровата нафта Вест Тексас интермедит поевтинија за 4,13 отсто и паднаа на 57,12 долари. Двата договори го допреа најниското ниво од февруари 2021 година.

Утрово ВТИ се тргува по цена од 57,92 долари за барел, а Брент за 61,21 долари за барел.

И суровата нафта „брент“ и „ВТИ“ паѓаат пет дена по ред откако американскиот претседател Доналд Трамп објави огромни царини за повеќето увозни производи, што ја зголеми загриженоста дека глобалната трговска војна може да го забави економскиот раст и да ја намали побарувачката за гориво.

Тарифите на Трамп од 104 отсто за кинески стоки стапија на сила во средата, додавајќи дополнителни 50 отсто на постојните царини откако Пекинг не ги укина своите контрамерки за американските стоки до вторник напладне, рок што го постави Трамп.

Фото: Pixabay