Нафтата поскапе, во пораст и цените на житарките

45

Нафтениот пазар и утрово бележи раст. Цената на барел нафта на лондонскиот пазар изнесува 114 долари, што е благ пораст во однос на претходните денови кога цената на барелот беше околу 111 долари. Цената на барел нафта на американскиот пазар е исто така 114 долари за барел.

Вредноста на биткоинот е 30.349 долари, што е благо намалување во однос на вчера. Другите криптовалути се во зелено.

Цена на пченица и пченка

Од утрово поскапуваат житарките. Од утринава цената на пченицата е 1.247 долари за тон, што е пораст од речиси 6% во однос на претходните денови. Цената на пченката е 809 долари, што е зголемување од околу 3 отсто.