Нафтата поскапува: Брент се приближува до 90 долари за барел

Податоците за американските потрошувачки цени во јули ќе бидат објавени денеска. Се очекува раст од 0,1 процент на месечна основа, додека на годишна основа, инфлацијата би можела да забави од 3,5 проценти во јуни на 3,4 проценти во јули.

Доколку инфлацијата е повисока, тоа повторно ќе ги зајакне шпекулациите дека Фед би можел да ги зголеми каматните стапки веќе на сесијата во септември, што би имало лош ефект врз пазарот на капитал.

А цените на нафтата пораснаа утрово трет ден по ред. На лондонскиот пазар, цената на барелот Брент се зголеми за 0,85 проценти, на 89,65 долари, додека на американскиот пазар, цената на барелот се зголеми за 0,94 проценти, на 83,95 долари.