Нафтата поскапува на светските берзи

Цените на нафтата пораснаа. На лондонскиот пазар, цената на барелот Брент се зголеми за 0,75 проценти, на 72,55 долари, додека на американскиот пазар, цената на барелот се зголеми за 1,24 проценти, на 70,10 долари.

На валутните пазари, од друга страна, вредноста на доларот во однос на кошничката валути стагнираше близу највисоките нивоа за 13 месеци.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на шесте најважни светски валути, е околу 101,33 поени утрово, додека во петокот навечер беше 101,36 поени.

Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута е околу 161,75 јени, колку што беше во петокот навечер.

Сепак, американската валута малку зајакна во споредба со европската, па цената на еврото се лизна на 1,1380 долари, додека во петокот навечер беше 1,1385 долари.