Нафтата повторно над 83 долари

10

Цените на нафтата и златото пораснаа на светските берзи, а пораснаа и европските берзански индекси

Цената на американската сурова нафта WTI на светскиот пазар се искачи на 78,246 долари за барел, а на европскиот брент на 83,454 долари. Ова го продолжи нагорниот тренд кој трае цел месец и во кој цената на Брент порасна за речиси 8%.

На отворањето на Лондонската берза, европските фјучерси за гас за холандскиот центар ТТФ се продаваа по цена од 23,865 евра за мегават час. Гасот сè уште поевтинува иако е зимска сезона, па споредено со цената во октомври (57,5 евра), кога почна трендот на намалување, сега е поевтин за повеќе од половина.

Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:15 часот порасна на 17.356,60 поени, францускиот CAC 40 на 7.887,85 поени, лондонски FTSE 100 на 7.692,50 поени, а московскиот MOEX на 3.156,59 поени.