Нафтата повторно оди нагоре – поскапуваат и пченицата и пченката

64

Нафтениот пазар од утрово бележи раст во однос на вчерашниот ден. Вредноста на барел нафта на лондонскиот пазар е 108 долари, што е зголемување во однос на вчерашниот ден кога цената на барелот изнесуваше 104 долари. На американскиот пазар цената на барелот е 104 долари.

Во земјава Моторен бензин – еуросупер БС – 95  се точи по цена од – 81,00 (денари/литар), а Моторен бензин – еуросупер БС – 98 – 83,00 (денари/литар).

– Дизел гориво – еуродизел БС (Д-Е V) – 82,00 (денари/литар)

– Масло за горење – екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 78,50 (денари/литар)

– Мазут М-1 НС – 54,154 (денари/килограм)

Биткоин утрово над 46.000 долари

Вредноста на биткоинот од утрово е 46.779 долари. Пазарот на криптовалути останува стабилен и денес. Сите криптовалути се со зелена боја, освен солана, која забележа пад од 2 отсто.

Пченица и пченка

Цената на пченицата од утрово е во плус. Цената на пченицата е 1.010 долари за тон, што е зголемување за 2 отсто во однос на вчера. Во плус е и цената на пченката и изнесува 750 долари за тон, што е зголемување за 2 отсто во однос на вчера.