
Цените на нафтата пораснаа утрово поради неизвесноста околу изгледите за решавање на конфликтот на Блискиот Исток, при што суровата нафта „Брент“ се искачи на 93,01 долари за барел.
Фјучерсите за суровата нафта „Брент“ за испорака во август на лондонската берза ICE Futures се тргуваа по 93,01 долари за барел, што е за 1,89 долари повеќе од претходното затворање.
Фјучерсите за сурова нафта WTI за јули на електронската трговска сесија на Њујоршката стоковна берза (NYMEX) пораснаа за 2,21 долари на 89,57 долари за барел.
Индексот на доларот утрово порасна за 0,12 проценти, на 99 поени, по две недели пад.
Во исто време, курсот на доларот се зголеми за 0,13 проценти во однос на јенот, на 159,47 јени, а е и поскап за 0,11 проценти во споредба со еврото, кое се тргува по 1,1645 долари. Доларот беше малку посилен во однос на јенот на 159,45 јени.










