Нафтата стагнира на 107 долари по неделниот скок од 13%, доларот зајакна

Цените на нафтата утрово стагнираат, откако вчера скокнаа за повеќе од 6 проценти, пробивајќи се далеку над нивото од 100 долари.

На лондонскиот пазар, цената на барелот Брент утрово се лизна за 0,23 проценти, на 107,45 долари, додека на американскиот пазар, цената на барелот падна за 0,28 проценти, на 102,25 долари.

Во целата оваа недела, цените на „црното злато“ се зголемија за речиси 13 проценти.

Доларот зајакна
Од друга страна, на валутните пазари, вредноста на американската валута во однос на кошничката валути се зголеми бидејќи се зголемија и изгледите за зголемување на каматните стапки на ФЕД.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската валута во однос на шесте најважни светски валути, утрово е околу 99,11 поени, додека вчера во ова време беше 98,73 поени.

Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута се зголеми од вчерашните 153,40 на 154,30 јени.

Американската валута исто така зајакна во споредба со европската, па цената на еврото се лизна на 1,1605 долари, додека вчера во ова време изнесуваше 1,1635 долари.