Нафтата утрово бележи благ пад, поскапуваат житарките

38

Нафтениот пазар од утрово бележи благ пад. Цената на барел нафта на лондонскиот пазар изнесува 112 долари за барел, што е намалување за околу 1 отсто во однос на вчерашниот ден кога цената беше 113 долари. Цената на нафтата на американскиот пазар е 109 долари.

Биткоинот утрово 29.000 долари

Пазарот на криптовалути од утрово е во минус. Вредноста на биткоинот е 29.351 долар, што е намалување за речиси 3% во однос на вчера. Другите криптовалути се исто така во црвено.

Цена на пченица и пченка

Од утрово поскапуваат житарките. Цената на пченицата е 1.190 долари за тон, што е пораст од речиси 2 отсто во однос на вчерашниот ден. Цената на пченката е 786 долари, што е зголемување за околу 1 процент во однос на вчера.