
Цените на нафтата малку паднаа. На лондонскиот пазар, цената на барелот Брент се лизна утрово за 0,25 проценти, на 107,90 долари, додека на американскиот пазар, цената на барелот падна за 0,48 проценти, на 101,45 долари.
Доларот ослабе
Сепак, на валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути малку падна.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на шесте најважни светски валути, утрово е околу 98,14 поени, додека во петокот навечер беше 98,21 поен.
Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од 157,03 на 156,90 јени.
Американската валута исто така ослабе во споредба со европската, па цената на еврото достигна 1,1730 долари, додека во петокот навечер беше 1,1720 долари.











