
Цените на нафтата паднаа на крајот од вториот квартал, при што нафтата од типот Брент се движеше околу 74 долари за барел, а американската сурова нафта ВТИ се движеше околу 70 долари.
Така, двата референтни вида нафта забележаа пад од приближно 30 проценти во вториот квартал, најголем од 2020 година, објави „Трејдинг економикс“.
Остриот пад на цените дојде по зголемувањето на понудата на светскиот пазар, бидејќи напредокот во мировните напори на Блискиот Исток овозможи интензивирање на пловидбата низ Ормутскиот теснец и извозот на нафта претходно блокирана во Персискиот Залив.











