Нафтената компанија NABEP од САД ќе инвестира 100 милијарди долари во Венецуела

Белата куќа ги објави условите од договорот за нафта меѓу САД и Венецуела, склучен со компанијата „North American Blue Energy Partners“ (NABEP), наведувајќи дека компанијата изработила амбициозен план за брзо зголемување на производството со инвестирање до 100 милијарди долари во нова нафтена инфраструктура во Венецуела.

Во соопштението од Белата куќа се проценува дека компанијата на тој начин ќе го стимулира економскиот раст, ќе поддржи илјадници добро платени работни места во Венецуела и ќе предизвика поширока економска активност вредна десетици милијарди долари, објави Ројтерс.

Се истакнува дека NABEP, приватна нафтена компанија која е втор најголем приватен производител на нафта во Венецуела, ќе плати во текот на првите 25 години околу 200 милијарди долари на име на експлоатациски такси и даноци.