
Британскиот енергетски гигант БП го отпушти својот претседател, Алберт Манифолд, поради, како што соопшти, „сериозни загрижености за важните стандарди на управување, надзор и однесување“.
Заминувањето на Манифолд, кој беше назначен на таа позиција дури на крајот на минатата година, беше ненадејно и неочекувано.
Причината е извештајот на дојавувачот и внатрешната истрага што следеше, а извори од компанијата велат дека директорот „се однесувал агресивно кон вработените и се однесувал лошо кон нив“.
Одборот на директори на БП го назначи Иан Тајлер за привремен претседател, со непосреден ефект.
БП, со седиште во Лондон, е една од петте најголеми компании за истражување и производство на нафта во светот кога се мери според приходите и профитот.
Манифолд, кој беше извршен директор на компанијата за градежни материјали CRH со седиште во Даблин 10 години, беше назначен за претседател на БП во октомври. Компанијата бараше некој да ја реформира и се одлучи за Манифолд, аутсајдер од индустријата, кој воведе големи стратешки промени во CHR.
По новиот фокус на обновливата енергија во 2020 година, компанијата се обиде да се врати на своите корени – нафтата – до 2025 година. Тешкото ресетирање на БП беше критикувано од екологистите, како и од некои акционери.
Акциите на БП паднаа за речиси пет проценти на њујоршката берза вчера попладне.










