Нафтениот гигант Бритиш Петролеум оствари 5 милијарди долари профит

27

Нафтениот и гасниот гигант Бритиш Петролеум (БП) забележа огромен профит за почетокот на годината, а до таков резултат доведоа и високите цени на енергетските производи.

Профитот достигна неверојатни 5 милијарди долари во првите три месеци од оваа година, иако тоа е помало од 6,2 милијарди долари минатата година кога цената на нафтата достигна врв по руската инвазија на Украина.

Поради огромниот профит, компанијата сега е повикана да плати повисоки даноци бидејќи домаќинствата се соочуваат со високи сметки. Токму затоа лабуристите и либералдемократите повикаа на промени во корпоративниот данок.

– Секако дека сакаме БП и другите да остварат профит за да можат да инвестираат, но тоа се профити што не очекуваа да ги остварат, тоа се профити кои се над сите очекувања, бидејќи цената на енергијата во светот е толку висока, изјави за Би-Би-Си Сер Кир Стармер, лидер на лабуристите.

Лидерот на либералдемократите Ед Дејви рече: „Овие ужасни заработки се потсмев на сите оние кои се борат да ги платат сметките за електрична енергија“.

БП објави рекорден годишен профит минатата година бидејќи компанијата, заедно со остатокот од енергетскиот сектор, имаа корист од скокот на цените на нафтата и гасот по руската инвазија на Украина.

Ова доведе до огромни профити за енергетските компании, но поттикна и зголемување на сметките за енергија за домаќинствата и бизнисите.

Извршниот директор на БП, Бернард Луни, рече дека првиот квартал бил силен. Компанијата соопшти дека забележала „извонредни“ перформанси во тргувањето со гас, како и „многу добро тргување со нафта“.

Фото: Facebook