
Една од најголемите светски нафтени компании, Шел, во главниот преглед на стратегијата заклучи дека станиците за полнење електрични возила се подобар бизнис модел од бензинските пумпи.
Исто така, ова може да се протолкува како маркетиншки потег, односно оддалечување од фосилните горива, кои денес не се во добра состојба. Затоа Шел ќе се ослободи од 1.000 бензински пумпи ширум светот. Годинава ќе продадат 500 бензински пумпи, а догодина уште 500.
Кои земји ќе бидат засегнати од овогодинешната продажба сè уште не е јавно објавено.











