Нагел: Периодот на висока инфлација би можел да потрае

93

Новиот гувернер на германската централна банка Јоаким Нагел предупреди дека високата инфлација може да потрае подолго од моментално очекуваното, порачувајќи ѝ на Европската централна банка дека мора да биде подготвена да ја прилагоди монетарната политика.

Инфлацијата во еврозоната минатиот месец се зголеми на пет отсто, што е највисоко ниво откако Европската статистичка служба почна да ги следи податоците, што е повеќе од двојно повисока од целта на ЕЦБ.

Од друга страна, банкарските претставници постојано нагласуваат дека цените нема брзо да растат со текот на времето, укажувајќи на високите трошоци за енергија и нагласувајќи дека инфлацијата треба да се намали под целта од два отсто до крајот на 2022 година.

Новиот германски гувернер предупреди дека не треба премногу да се потпираат на таквите прогнози бидејќи цените би можеле да продолжат да растат посилно отколку што се очекува во моментов.

„Точно е дека високите стапки на инфлација можат да се припишат, меѓу другото, на еднократни фактори кои сами ќе исчезнат. Но, тие не се единствената причина“, рече Нагел.