
Американските царини ќе бидат голема тежина за светскиот раст, а Европската централна банка (ЕЦБ) ќе ја игра својата улога во поддршката на Европа, за која решението лежи во поголемо единство, изјави гувернерот на германската централна банка и член на Управниот совет на ЕЦБ, Јоаким Нагел.
„Изгледите за глобален раст драстично се влошија. Монетарната политика во Европа ќе си ја заврши работата, веќе сме на добар пат да ја постигнеме целта за инфлација оваа година“, рече тој.
ЕЦБ следната недела ќе одржи состанок на кој ќе се преиспита можноста за дополнително намалување на каматната стапка. Нагел вели дека одлуката ќе биде одговорна и водена од податоци.
Според него, сегашните околности бараат уште посилна европска кохезија, вклучително и зајакнување на банкарската унија и унијата на пазарот на капитал.
Тој исто така повика на што поскоро формирање германска влада, а потоа и забрзување на инвестициите во инфраструктурата и дигиталната технологија.
Фото: Printscreen











