Нагло поскапување на гасот во Европа

70

Цените на природниот гас во Европа пораснаа за дури 24 отсто, откако руската енергетска компанија Газпром објави дека ќе го прекине снабдувањето со гас за Полска и Бугарија почнувајќи од среда, бидејќи од 1 април нема добиено никакви плаќања од нив.

Цената на европскиот гас во еден момент беше околу 125 евра за мегават час.

Фатих Бирол, извршен директор на Меѓународната агенција за енергетика со седиште во Париз, во средата наутро твитна дека неговата организација  „цврсто стои покрај Полска“.

Наглиот раст на цените следеше и откако времето во Европа се затопли, намалувајќи ја побарувачката на природен гас за затоплување на домови и деловни простории, пренесува AP.