Наградени авторите на најдобрите инстаграм фотографии на ONE Zimogram

21

d99c3b11-c27d-4e37-a7e2-c0d59513d84eЕдномесечниот инстаграм фото конкурс, насловен како ONE Zimogram беше затворен вчера во Кафе Ли со изложба на најдобрите инстаграм фотографии и прогласување на победниците.

Првата награда, Samsung Galaxy SIII mini, му припадна на Небојша Гелевски – Бане, додека втората и третата награда, специјално дизајнирани ракавици за екрани на допир, им беа доделени на Горјан Бошковски и Никола Т. од Битола.

За период од еден месец, колку што траеше конкурсот за најдобра зимска инстаграм фотографија, пристигнаа повеќе од 1.000 фотографии од над 250 автори.

Во потесниот круг влегоа 19 фотографии, а истиот го направи тричленото жири во состав: Александра Христова, победник на минатогодишниот ONE Letogram, Димитар Петровски, уредник на Кајгана и професионален фотограф и Миладин Паповиќ од Оnnet.

Трите првопласирани фотографии ги избраа фановите на Facebook страницата на мобилниот оператор ОNE.