Наградени најдобрите хрватски извозници

19

pliva

Здружението Хрватски извозници ја додели наградата Златен клуч на најдобрите извозници, а Платинест клуч добија најдобрите извозници за десет години постоење на ова здружение.

Најдобар голем извозник во 2013 година е Плива, најдобар среден извозник е Телегра, а во конкуренција на мали извозници, победник е Шестан Буш.

Награди добија и 14 фирми за најдобри извозници на најважните пазари, од Италија, БиХ и Германија, до Бразил и Јапонија.

Кончар дистрибутивни и специјални трансформатори доби Платинест клуч и посебна плакета за најдобар извозник. Освен нив, Платинест клуч добија и Кончар енергетски трансформатори, Ериксон Никола Тесла, ХС Продукт, Boxmark leather, Док-инг, Ветропак стража, ТДР, Иванчица, HSTec и LPT.

Претседателот на Здружението, Даринко Баго, истакна дека извозниците сочинуваат 13% од сите компании, 50% од вработените работат во нивните компании, а одговорни се за 50% инвестиции и 64% приходи.