Во саботата во кино Култура се одржа завршната церемонија на петтите по ред Твитер награди, каде беа наградени најдобрите во деветнаесет категории.
И оваа година Македонски Телеком ја награди акцијата Ретвитни оброк, којашто почна како мала волонтерска иницијатива на Твитер заедницата за готвење топли оброци за бездомниците. За само една година Ретвитни оброк од 10, стигнаа до бројка од 200 оброци неделно, за најранливата група на граѓани.
Твитер заедницата од година во година креира вистински импакт врз јавност, а иницијативите како што е Ретвитни оброк, стануваат сè помасовни и успеваат да направат вистинска разлика во животот на ранливите групи на граѓани
Најдобрите за 2016 се:
Најкомпанија/организација на твитер – @Zlatna_kniga
Најтаг за 2016 – #РетвитниОброк
Најдобар дизајнер – @0majgad
Најдобра твитерџиKA – @MajkaNaZmejovi
Tвитерџија кој оваа година најмногу напреднал од стартот на неговата твитерџиска кариера – @SuperExtraBonus
Најдуховит твитерџија/ка – @NoLuckMakedonec
Највлијателен твитерџија/ка – @Mile_Panika
Најдобар твит во 2016 – @SuperExtraBonus
Риплај на годината – @Rebrendiran
Најдобар твитерџија/ка кој почнал да твита во 2016 година – @DajMuNaChovekot
Tвитерџија/ка кој е најкорисен и кој е вистинска вредност – @A_Golejska
Најдобар сајт на Твитер – @mojomk1
Твитерџија со најдобро селфи на годината 2016 – @Muarko
Најдобар диџеј на тајмлајн – @DJGoce
Најдобар твитерџија/ка во #третасмена #tretasmena – @TheTetka
Најдобар аватар(и) – @Ref
Најдобра апликација од Македонија за 2016 – MojVozduh
Најактивен твитерџија од дијаспората – @FStojanovski1
Кампања на годината – #РетвитниОброк