Наградна игра на Стопанска банка Битола и Mastercard

26

Од 15.08.2018 година започна големата наградна игра STBBT MASTER MANIA на Стопанска банка а.д. Битола и Mastercard. Главните награди се патување за двајца на Малдиви, MacBook и iPhone 8plus, се вели во соопштението на банката.

Наградната игра ќе трае до 31.12.2018 година, а право на учество имаат сите веќе постоечки корисници на Mastercard Credit и Mastercard Debit картичките како и клиентите кои ќе извадат картичка за времетраење на наградната игра.

За да се стекнат со право за учество во наградната игра, сите постоечки и нови корисници на картичките од брендот Mastercard (Mastercard Standard и Mastercard Debit) во периодот од 15.8.2018 (00:00 часот) до 31.12.2018 (24:00 часот) треба да реализираат најмалку 5 трансакции со минимална сума по трансакција од 1.000,00 денари.

После реализираните 5 трансакции во системот на Банката ќе се генерира првиот соодветен код (единствен број) со кој се стекнуваат со право на учество во наградната игра. Со секоја следна  поединечна направена трансакција од над 1.000,00 денари, на корисниците во системот ќе им се генерираат дополнителни кодови со што нивната можност за добивка во наградната игра ќе се зголемува

Извлекувањето на наградите ќе биде на 04.01.2019 година, а официјалниот правилник на наградната игра одобрен од Министерството за финансии можете да го погледнете на следниот линк.