Најава- Каматите сепак ќе мора да растат

73

Инфлацијата во еврозоната е сè уште жешка, па Европската централна банка (ЕЦБ) ќе мора дополнително да ја олади со прилагодување на основната каматна стапка, оценува шефот на Бундесбанката, Јоаким Нагел.
„Каматите сепак ќе мора да растат“, изјави банкарот за онлајн изданието на магазинот „Шпигел“. ЕЦБ од јули четири пати ја зголеми основната каматна стапка, која сега изнесува 2,5 отсто.

Веќе најавивме корекции за февруари и март и нема да ме изненади ако потоа ги зголемиме и каматните стапки“, изјави претседателот на Бундесбанката и член на менаџментот на ЕЦБ.

ЕЦБ се обидува да ја задржи инфлацијата на два проценти годишно. Сепак, комбинацијата на кризи – особено зголемените цени на енергијата и храната поради војната во Украина – ја поттикна стапката на раст на малопродажните цени на рекордни 8,6 проценти во 2022 година.

Со зголемување на каматните стапки, монетарните власти се обидуваат да ја потиснат инфлацијата, што пак ги поскапува кредитите, го забавува економскиот раст и ја потиснува потрошувачката, а со тоа и цените.

Инфлацијата, додуша, донекаде забави во декември, но сепак е на годишно ниво од 8,6 отсто во Германија и 9,2 отсто во еврозоната.

„Мораме да бидеме внимателни и да не се прилагодуваме на силната инфлација. Не е изненадувачки што стапката беше малку пониска во декември“, рече Нагел. „И покрај олеснувањето, инфлацијата останува превисока.

Следниот состанок на бордот на ЕЦБ со каматните стапки на дневен ред се одржува на 2 февруари.