
Акциите на компанијата „Тесла“ паднаа за повеќе од седум проценти денес во претпазарното тргување откако нејзиниот извршен директор Илон Маск објави формирање на нова политичка партија во Соединетите Американски Држави.
Тој посочи дека новата партија би можела да игра одлучувачка улога во Конгресот – додавајќи на впечатокот дека личните политички цели на Маск стануваат поважни од неговиот фокус на бизнисот на „Тесла“.
Соопштението повторно ги разгоре загриженостите кај акционерите на Тесла, кои претходно изразија незадоволство од политичката вмешаност на Маск, објавува CNBC.
Учеството во работата на таканаречениот Оддел за владина ефикасност (DOGE), во соработка со претседателот Доналд Трамп, претходно предизвика загриженост дека таквата акција го нарушува имиџот на Тесла како технолошки лидер.
Маск го напушти DOGE во мај, што потоа имаше позитивен ефект врз цената на акциите. Сепак, неговата најнова иницијатива дополнително ги вознемири инвеститорите бидејќи Тесла се соочува со зголемен притисок на пазарот на електрични возила.











