Најбизарните прашања на интервју за работа

47

intervju-pixabay

Фото: Pixabay

Кандидатите обично се подготвуваат за интервју за работа разгледувајќи детали околу компанијата и дејноста што ја врши. Но, што ако наидете на прашања кои немаат никаква врска со тоа, прашања за кои едноставно нема логичен одговор?

Дали ќе помислите дека некој се шегува со вас или едноставно ќе ве фати паника? Одговорите ги нема, но подолу се неколку бизарни прашања кои навистина биле поставени на интервјуа за работа во познати и признати компании.

Зошто Земјата е тркалезна? Прашање за позиција програмер во Twitter.

Кој ќе победи ако се борат Спајдермен и Бетмен? Прашање на универзитетот во Станфорд.

Како ќе ја опишете жолтата боја на некој кој е слеп? Прашање во Spirit Airlines за позиција стјуардеса/стјуарт.

Колку луѓе лани полетаа од Чикаго? Кандидат за софтверски инженер во Redbox.

Која е вашата омилена мелодија од 90-тите? Кандидат за работа во Squarespace, позиција грижа за корисници.

Наутро го проверувате мејлот и гледате 2.000 непрочитени пораки. Можете да одговорите само на 300. Како ќе ја направите селекцијата? Кандидат за работа во Dropbox.

Што јадевте за појадок утрово? Кандидат за работа во Banana Republic, позиција продажба.

Ако можете да бидете било кој суперхерој или злосторник, кого ќе одберете? Кандидат за работа во Chipotle.

Колку ќе наплатите ако треба да ги измиете сите прозорци во Сиетл? Кандидат за онлајн продажба во Facebook.

Која е најконтроверзната одлука што сте морале да ја донесете во животот? Кандидат за сметководител во Twitter.

Која е вашата омилена принцеза на Дизни? Кандидат за работа во Coldstone Creamery.

Колку бензински има во Америка? Позиција финансиски аналитичар во Zappos Family.

Што би направиле ако сте единствените кои преживеале авионска несреќа? Прашање за работа во Airbnb.

На скала од 1 до 10, каде 1 е многу паметен, а 10 е многу вреден, каде би се ставиле себе си и зошто? Кандидат за работа во BMO Capital Markets, позиција аналитичар за инвестиции.

Која е најоткачената работа што досега сте ја направиле? Кандидат за работа во Trader Joe’s.