Најбогатиот Чех загина во несреќа на Алјаска

Најбогатиот Чех, Петр Келнер загинал во пад на хеликоптер на Алјаска, пренесува New York Times.

Во несреќата загинале пет лица, додека едно лице е тешко повредено.

Келнер е роден во 1964-та година, а бил најбогат во Чешка со проценето богатство од 15,7 милијарди долари, според индексот на милијардери на Bloomberg.

Тој е основач и најголем инвеститор на PPF Group, што се занимава со повеќе дејности, меѓу кои финансии, телекомуникации, производство, медиуми и биотехологија.

Фото: Facebook