Најбогатиот човек: „Врвот на инфлацијата заврши, очекувам блага рецесија“

107

Извршниот директор на Tesla, мултимилијардерот Илон Маск, рече дека гледа знаци дека глобалната економија ја „надмина максимална инфлација“ и очекува блага рецесија која би можела да трае 18 месеци.

Во обраќањето на годишното собрание на акционерите на компанијата што произведува електрични возила, Маск рече дека трошоците на „Тесла“ за набавка на суровини и компоненти ќе бидат во надолен тренд во следните шест месеци, наведува „Блумберг“.

„Мислам дека инфлацијата ќе се намали брзо“ во одреден момент во иднината, рече Илон Маск во фабриката и седиштето на Tesla во Остин.