Најбогатиот Европеец ќе може да ја води LVMH до 80 години

64

Во четвртокот, акционерите на LVMH Moët Hennessy Louis Vuitton гласаа со 81,6 отсто за резолуција за продолжување на старосната граница на 80 години за нејзиниот долгогодишен претседател и главен извршен директор Бернард Арно, кој има 73 години, како извршен директор.

Онаму каде што се спомнуваат Илон Маск, Џеф Безос, Бил Гејтс, Бернард Арно по инерција ги следи. Француски милијардер според листата на Форбс за најбогати луѓе во светот “тежи “ 158 милијарди долари.

Францускиот моден титан беше во одлична форма во четвртокот наутро додека претседаваше со  годишното собрание на акционери на LVMH. Тој го промовираше „извонредниот перформанс“ на групата во 2021 година, кога приходите во нејзиниот клучен дел за мода и кожни производи се зголемија за 42 проценти во однос на 2019 година.