Најбогатиот Хрват: Моето богатство е за работниците, да им платам ако дојде до криза

487

Основачот и сопственик на компанијата Оrbico, Бранко Роглиќ, гостувајќи во емисија на ХРТ, сподели неколку важни совети за идните претприемачи и што богатството претставува за него.

Неговата групација има фирми во 20 земји и генерира приход од околу две милијарди евра, а оваа година се планираат приходи од 2,3 милијарди евра. 

Компанијата е исто така на годинешната листа на 500 најголеми компании во Централна Европа, објавена од консултантско – ревизорската компанија Deloitte. Тие се водечки дистрибутер на голем број глобално застапени брендови и дистрибуираат производи за широка потрошувачка, производи за нега и убавина, фармацевтски производи, играчки, текстил, електрични апарати, цигари, моторни масла и друго.

На прашањето дали е вистина дека тој е меѓу најбогатите Хрвати, без тоа да се види, тој одговори:

“Имам брод од 8,90 метри. Јас сум рибар во душата, никој нема да ме извади од моето друштво, пријателите од детството. Јас се држам до нив и ми е прилично убаво. Јас го имам мојот брод, ја имам својата Макарска, го имам мојот Загреб, го имам Сплит и сум во тој круг. Секако, патувам и во земји каде што имам компании, но во последно време сè помалку“, рече Роглиќ.

Tој истакна дека парите треба да се инвестираат секојдневно и им даде совет на претприемачите кои на почетокот се нетрпеливи и сакаат пари веднаш.

“Би им порачал да бидат сериозни инаку ќе банкротираат. Мора да знаете да управувате со своите ресурси, а еден од нив се парите. парите треба да се инвестираат секојдневно“, рече тој.

Исто така истакна дека не може да поднесе работникот да не добива плата и да не живее добро.

Моето богатство е за да можам да им платам на работниците ако има криза.

“Што значи да се биде најбогат? Јас сум најбогат кога сум сам, со пријатели и кога риболовам. Милионите не значат ништо за мене. Претприемништвото не е луксуз, не се авиони, не се златни теписи. Претприемништвото е грижа за луѓето и јас го одржувам на тој начин. Моето богатство има за цел да можам да плаќам на работниците ако некоја фирма влезе во криза кога поминува. Ако сакате да бидете маж и вистински претприемач, прво ќе ги платите работниците, потоа долгот кон банките, потоа добавувачите и потоа ќе го делите профитот. Но, да се профитира без да се исплатат на работниците и да се остане должен на добавувачите, што се случуваше многу често кај нас, е срамота. И нема да го издржам тој срам“, рече Роглиќ.

На крајот, тој го повтори советот до нетрпеливи претприемачи. Тој рече дека треба да имаат трпеливост затоа што без трпеливост ќе банкротираат.
“Јас сум рибар. Најголемата доблест на рибарите е трпеливоста. Јас понекогаш знам да стојам половина час со јадица во раката и ништо да не се фати. Потоа во следните 15-20 минути кога ќе фатам 5, 6, 7, 8 парчиња. Така е и во бизнисот. Треба да бидете трпеливи и скромни. Скромноста е најголемата доблест што човек може да ја има“, рече Роглиќ.

Фото: Pixabay