Најбогатиот Кинез донира два милиони маски во Европа, 500.000 само за Италија

378

Кинескиот милијардер и коосновач на Alibaba, Џек Ма обезбеди донација од два милиони заштитни маски за граѓаните на Европа, пишува Reuters.

Првите 500.000 маски стигнале на белгијскиот аеродром Лијеж.

Овој аеродрмом не е избран сучајно, тој е главно европско седиште за испорака на пратки од Alibbabа. Маските ќе бидат доставени во Италија којашто е најзагрозена од коронавирусот. Останатите 1,5 милиони маски ќе бидат респределени во сите делови на стариот континет, каде што е потребно.

Ма, исто така, ќе донирa во САД 500.000 тестови за коронавирус и милион заштитни маски.

“Не можеме да го победиме вирусот ако не ги отвориме границте за потребна опрема и не споделиме знаење и тешко научени лекции за овој проблем“, апелира Ма.

Фондацијата Alibaba нагласува дека адекватната опрема за здравствени работници и ефикасна медицинска помош пружена за заболените се предуслов за спречување на епидемија.

Фото: Pixabay