Најбогатиот Украинец вети помош за обнова на Мариупол

127

Еден од најбогатите Украинци, Ринат Ахметов, вети дека ќе помогне во обновата на опколениот Мариупол, град за кој вели дека „го носи во срцето“ и дека има две огромни челичарници со кои верува дека повторно ќе се натпреварува на глобално ниво.

Ахметов, кој доживеа уништување и распаѓање на неговата деловна империја за време на осум години вооружен конфликт во источна Украина, рече дека е уверен дека „храбрите украински војници“ ќе го бранат Мариупол, пристанишен град на Азовското Море, уништен за време на седумнеделното бомбардирање, се вели во извештајот на Ројтерс.

Сепак, неговата компанија Метинвест, најголемиот производител на челик во Украина, објави дека засега не може да ги исполни своите договорни обврски и редовно да ги снабдува клиентите додека нејзината финансиска и индустриска SCM Group не го консолидира својот бизнис и не постигне договор со доверителите.

Фото: Facebook