Најбогатите 10 во светот се мажи, а која е најбогата жена

97

Додека светот се бори со невидена здравствена и економска криза, најбогатите го зголемија своето богатство за повеќе од трилион долари во 2020 година, таква концентрација на богатство и зголемување постигнато на краток рок скоро никогаш не е видено претходно.

Ова е списокот на најбогати во моментов врз основа на индексот на милијардери во Bloomberg.

Топ 10 најбогати луѓе на планетата се мажи, Џеф Безос (Аmazon, нето вредност: 181 милијарда долари), Iлон Маск (Тesla, нето вредност: 179 милијарди долари), Бил Гејтс (Microsoft, нето вредност: 139 милијарди долари), Бернард Арно со своето семејство (LVMH, нето вредност: 125 милијарди долари).

На петтото место е Марк Цукерберг (Facebook, нето вредност: 102 милијарди долари), по него Ворен Бафет (Berkshire Hathaway, нето вредност: 99,4 милијарди долари), Лари Пејџ (Google, нето вредност: 94,7 милијарди долари), Сергеј Брин (Google), нето вредност: 91,6 милијарди долари), Стив Балмер (поранешен извршен директор на Microsoft, нето вредност: 85,2 милијарди долари) и Мукеш Амбани (Reliance Industries Ltd, нето вредност: 83,1 милијарди долари).

Најбогата жена (на 12 место) на светот е наследничката на Loreal, Франсис Бетанкур-Мејерс која има богатство вредно 76,8 милијарди долари и удел од 33% во козметичкиот гигант, според податоците од 2020 година. Нејзината сметка пораснала за околу 14 милијарди долари минатата година, бидејќи акциите на Loreal скокнаа за околу 25%.

Фото: Facebook