Фото: Pexels
Fashion United објави листа на најбогати личности во модната индустрија за 2017 година. Модната индустрија се менува од ден во ден, но повеќе од една деценија константно е влијанието на модниот ланец Zara. Човекот кој стои зад модната компанија Inditex (во чија сопственост е Zara), Амансио Ортега, ја промени модната индустрија преку масовно пазарно производство и го обезбеди своето прво место како најбогат човек во индустријата. Инаку, тој е четврт најбогат човек во светот и тежи 71,3 милијарди долари.
Зад него се наоѓа директорот на луксузната групацијата LVMH, Бернард Арно, со 41,5 милијарди долари.
На третото место се наоѓа холандското семејството Бренинкмајер, сопственици на C&A и тежат 30 милијарди долари. На четвртото место е Бертранд Пиоч (Hermès) со 28,6 милијарди долари, а на петтото место се наоѓа Фил Најт (Nike) со 26,2 милијарди долари.
Следат Ален и Жерар Вертхајмер (Chanel) со 23,6 милијарди долари, Стефан Персон (H&M) со 19,6 милијарди долари, Леонардо дел Вечио (Luxottica) и Мајкл Ото (Otto Group) со по 17,9 милијарди долар, а на десетото место се наоѓа Тадаши Јанаи (Fast Retailing, Uniqlo) со 17,4 милијарди долари.