Сараевско Oslobođenje на крајот од секоја година објавува листа на најбогати бизнисмени. Во соработка со белградски Недељник, словенечки Финнце, хрватски Лидер и македонски Капитал, анализата е направена врз основа на податоците од финансиските извештаи на компаниите.
Во истражувачкиот процес учествуваа и експерти од реномирани консултантски фирми од Волстрит, заедно со белградската инвестициска компанија Хефестос Капитал.
На самиот врв на листата и понатаму се основачите на Инфобип, еден од двата хрватски „еднорози“ – Силвио и Роберто Кутиќ и Изабел Јелениќ. Нивниот имот беше проценет на 3.097.663.106 евра, што ги задржа на првото место.
На второ место годинава е Мирослав Мишковиќ, сопственик на „Делта Холдинг“ со имот проценет на 2.851.179.194 евра, додека на трето место е Дубравко Гргиќ, сопственик на „Аграм груп“ со богатство од 2.793.000.000 евра.
Фото: Бенјамин Крниќ/Ослобоѓење
Мате Римац, основачот на Rimac Automobili, со вредност на имотот од 2.295.000.000 евра, се најде на петтото место на листата. На 6-то место се Дејан Чакајац и Јадранка Степановиќ од Моцарт (1.808.077.997 евра), а веднаш по нив е Драган Шолак од Јунајтед Груп со имот проценет на 1.694.700.000.
Меѓу претприемачите во „топ 10“ се најде Давор Лукшиќ Ледерер од Blue Lagoon со имот проценет на 1.646.650.000 евра на осмото место, додека Павел Вујновац од Фортенова и Enna Group се најде на деветтото место (1.620.000 евра), додека сопственикот на Атлантик Група, Емил Тедески чие богатство се проценува на 1.567.177.544 евра. е на десетото место.
– Со овој список не сакавме да покажеме колку пари имаат овие бизнисмени во моментов. Она што го покажуваме е колку вредат нивните фирми и колку пари би можеле да добијат доколку, да речеме, денеска се продаваат – велат од Недељник.
Посебен дел од листата се најбогатите Словенци. Тие беа издвоени бидејќи користеа нешто поинаква методологија од Финансии. Нивната листа ја предводат Иза Сиа Логин и Само Логин, сопственици на компанијата Outfit7.