Најбогатите од технолошкиот свет изгубија 44 милијарди долари

77

Постојаното натрупување на богатство “заврши“ вчера за најбогатите милијардери од технолошкиот свет. Десетте најбогати луѓе во таа индустрија заедно сега имаат 44 милијарди долари помалку.

Тоа се случи затоа што американските акции паднаа најмногу за три месеци, а најмногу загуби Џеф Безос, околу девет милијарди долaри. Од јуни, акциите на Аmazon вчера паднаа најмногу. Маск сега има 8,5 милијарди долари помалку, а акциите на Теsla паѓаат трет ден по ред.

Меѓутоа, во однос на тоа колку заработија за време на оваа криза, за нив не претставува посебна загуба. Имено, и Маск и Марк Цукерберг надминаа 100 милијарди долари, а поранешната сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, стана најбогата жена во светот.

Фото: Freepik